Денеска во затворот во Шутка, Боки 13 ќе го прослави 33-тиот роденден. Овој пат без роденднеска торта, свеќи и раскошот на кој беше навикнат.
Боки 13, кој е притворен во аферата Рекет, беше навикнат на гламурозни прослави на неговите родендени, со музика, познати пејачки ѕвезди и гости од македонскиот и балканскиот „џет-сет“.
Прославата на 30-тиот роденден Боки 13 ја почна со 1001 роза, 32-иот го славеше со италијанска вечера, а на социјалните мрежи тогаш напиша: „Мала Сицилија во Скопје“.
Сега 33-тиот роденден Боки 13 ќе го прослави во притворот во Шутка. Лани со „мала Сицилија“ во Скопје, годинава со голема „Козаностра“ во цела држава!
Извор: Денешен.мк