Промотер

Бока Димитров – „Ако не си моја“ (ВИДЕО)

Бока Димитров – „Ако не си моја“ (ВИДЕО)

Пејачот Борче Бока Димитров, својата песна „Ако не си моја“, која е поодамна пуштена во етерот конечно реши да ја екранизира.

Зад визуелизацијата стои „Д.Р.Д. Медиа“ на Драган Ристовски – Дац, кој е режисер на видеото, а воедно и автор на музиката и аранжманот на песната, додека стиховите ги напишал самиот Бока.

Спотот е снимен во на неколку локацииво Скопје, а во него покрај Бока како главни статисти се појавуваат моделите Наталија Стојановска и Димче Димчевски, како и придружниот бенд кој го сочинуваат: Горан Гешковски (бас), Стефан Стојановски (сакс), Влатко Пате (конги), Зоран Николовски (гитара) и Ангела и Ани (придружни вокали).

Проследете во продолжение како изгледа и звучи „Ако не си моја“.

 

To top