Поминаа четири месеци откако пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски и нејзиниот сопруг Васко, по вторпат стнаа горди родители на синчето кое го носи името Ѓорѓи, а малечката Искра стана дадичка.
Наследниците се фокусот на нивниот зенит, а нивносто растење секојдневно ги исполнува и смее лицата на мама и тато.
Кога се социјалните мрежи во прашање, Бојана не е од оние често активните, но понекогаш знае да сподели по некој интересен момент од своето секојдневие, а периодов тоа се фотографиите од промената на нејзиниот имиџ.
Изненадување беше тоа што пред пријателите и следбениците реши да го покаже лицето на потпораснатото преслатко синче.
„Здраво свет“, пишува Бојана за првата јавна фотографија на Ѓорѓи и мама.
Лајкови имаше стотици, а во коментари секако се пишуваше најмногу за тоа на кого личи синчето, а на кого ќерката и чиј ген бил посилен.