Бојана Скендеровски денеска ја промовираше новата песна „Зад завесите“ која ја прати видео запис во режија на едно од најценетите имиња на македонската музичка естрада, Александар Ристовски – Принц, кој со својот ексцентричен и секогаш уникатен стил со доминантни и директно прикажани симболи, на едноставен начин ја пренесува вистинската суштина на меланхолијата на самата песна.
Музиката и аранжманот ги потпишува Роберт Билбилов, а текстот е на Ксенија Николова.
Приказната за отсуството на емпатијата во светот полн со предрасуди е дел од новиот проект на Бојана, со којшто започнува низата на дополнителни изненадувања, коишто Бојана ќе ги претстави на публиката оваа година.