Вељко Ражнатовиќ дефинитивно 2019 година ќе ја памети по неговата свадба со Богдана Родиќ која се случи на 23 ноември, но и по тоа што оваа година тој дозна дека за првпат ќе стане татко.
Имено, Вељко и Богдана следната година ќе станат родители на нивното прво дете односно син за кого го одбраа името Жељко.
Вељко на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа трудничкиот стомак на неговата сопруга.
На снимката се гледа како Богдана подготвува месо во кујна, а Вељко ја снима. Снаата на Цеца е облечена во црна тесна блуза, а во прв план е нејзиниот труднички стомак.
„Љубов“ напиша Вељко во описот на објавата.
Како изгледа трудничкиот стомак на Богдана погледате во видеото.
За потсетување, Вељко за српските медиуми откри дека терминот за породување на Богдана е 10 јуни.