Радио Милева животни промени

Богдана на Вељко Ражнатовиќ пред да се омажи продаваше пилиња на пазар, а потоа почна да го работи она за што има диплома

Богдана на Вељко Ражнатовиќ пред да се омажи продаваше пилиња на пазар, а потоа почна да го работи она за што има диплома

Бракот на Богдана и Вељко Ражнатовиќ трае веќе четири години. Имаат два сина, Жељко и Крстан и целосно се повлекоа од очите на јавноста. Синот на Цеца ноќниот живот го замени со спорт, сопругата будно го следи, а малкумина знаат во кои училишта завршиле Вељко и Богдана.

Вељко дипломирал на Колеџот за применети и правни науки „Прометеј“ во Бања Лука на почетокот на 2020 година. Не криеше дека не му било лесно да балансира меѓу образованието и спортот. Но, дипломската работа на тема „Економијата во Европската унија“ ја одбрани со осумка.

Богдана успешно играла кошарка, а после училиште продавала кокошки на пазар со сестрите. Имено, семејството Родиќ има фарма за кокошки, но подоцна се преселила да работи во канцеларијата на нејзиниот татко.

Таа работа можела да ја работи без никаков проблем бидејќи завршила Виша бизнис школа, насока финансии и сметководство, а нејзините постари сестри се високообразовани. Најстарата Бојана дипломирала на Правниот факултет, а Наташа менаџмент на медиуми.

фото: ATA Images/Instagram printskrin

To top