Постоењето, семејството, здравјето… се дел од суштинските нешта во животот кои треба да не прват благодарни секој ден, а кога од Бога ти е дадено нешто повеќе, тогаш свесно треба тоа да го негуваме и да сме исклучително благодарни за благословот.
Елена Ристеска преку својата последна објава на Инстаграм на своите обожаватели, следбеници, но и на сите уметници им посочи дека сите имаме некоја мисија на овој свет, а дека таа за себе добро го знае патот до своето душевно богатство и хармонија.
Да седиш и да рефлектираш е најдобриот начин за хармонизирање на душата. Бог на сите ни дава некоја мисија. Специјална мисија им е дадена на артистите со дарбата и силата на талентот. Благодарна сум за талентот кој му го даде мене, па направив многу песни, можеби повеќе од 100 напишани текстови… Се чувствувам богато со тоа богатство кое еден ден ќе му припаѓа на македонскиот народ. Тоа е она што треба да го правиме, мора да оставиме дела за историјата на уметноста. Најпосле, мора да се обидеме…
Овој мотивирачки статус им се допадна на многумина кои ја сфатија нејзината порака и оставија аплауз со симболи, а други кои можеби не го прчитаа напишаното, гледаа само во фотографијата и и’ поласкаа за изгледот.