Радио Милева
збунен

Боба Живојиновиќ се огласи по написите во српските медиуми дека е откриено кој го киднапирал синот Стефан: „Не сакам да зборувам за тоа“

Боба Живојиновиќ се огласи по написите во српските медиуми дека е откриено кој го киднапирал синот Стефан: „Не сакам да зборувам за тоа“

Киднапирањето на синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Стефан Живојиновиќ и понатаму знае да биде главна тема.

Имено, како што пишуваат српските медиуми, синот на Брена, Стефан Живојиновиќ пред 21 година  го киднапирал Средоје Шљукиќ Шљука (30), водичот на „ѕвездарскиот клан“, тврди Бојан Т, личниот курир на Душан Спасојевиќ Шиптара во екслузивна исповед на Информер.

По овие пишувања, сега се огласи и таткото на Стефан, Боба Живојиновиќ.

-Не слушнав за тоа, изјавил Боба и додал дека и по 21 година не сака да зборува за тоа.За тоа не зборувам. Навистина не сакам да зборувам за тоа, во странство сум, изјавил Боба.

Инаку, Стефан Живојиновиќ се проба и во музичките води и да биде дел од естрадата. Но, по издавањето на неколку песни, тој се повлече од естрадата.

фото: Немања Николиќ/Дамир Дервишагиќ/инстаграм/стефан живојиновиќ/соња спасиќ/немања николиќ

Останати вести од Радио Милева