Радио Милева

Боба Живојиновиќ по стапките на Дарко Лазиќ: Сопругот на Лепа Брена оди под нож?

Боба Живојиновиќ по стапките на Дарко Лазиќ: Сопругот на Лепа Брена оди под нож?
фото: инстаграм/лепабрена

Откако ги видела резултатите што Дарко Лазиќ ги постигна кога го намали желудникот, Лепа Брена сака истиот метод за слабеење да го примени и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ.

Како што се шпекулира, тој е во дилема, иако Брена сака што побрзо да закаже операција.

Имено, не и пречи дебелината на Боба, но како што минуваат годините, таа се плаши за неговото здравје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)


На пејачката и е јасно дека нејзиниот сакан нема желба да го промени начинот на исхрана.

– Не го тера повеќе да држи диета, но се грижи. Дебелината во никој случај не е добра за срцето и генерално е лошо за здравјето, па Брена верува дека оваа популарна процедура на желуднкот е вистинското решение за нејзиниот сопруг. Боба, пак, сè уште се двоуми, сака да јаде калорична и мрсна храна и ужива да готви, тој е хедонист и рече дека може да закаже операција, но само по новогодишните празници – заклучува добро информиран извор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Инаку, од почетокот на пандемијата Лепа Брена и нејзиниот сопруг не се во Србија, таа беше постојано на патувања, а моментално се во Мајами каде што имаат и куќа.

Останати вести од Радио Милева