26 годишните сестри – близначки од Кочани, Марија и Магдалена се ѕвезди на социјалните мрежи каде имаат бројни следбеници.
За себе, покрај студиите по право, велат дека не би можеле да го замислат својот стил и начин на живот без спортот и вежбањето.
Дека посветено се трудат да изгледаат атлетски и секси потврдуваат фотографиите на нивните профили, од кои пошироката јавност дознава дека близначките не го практикуваат спортот само рекреативно, туку имаат и натпреварувачки мотиви.
Беа во Бугарија, каде трчаа на Софискиот Маратон и освоија медали со кои се пофалија на Фејсбук. Трчаа и на Скопскиот маратон, а пак претходно беа на трка и во Подгорица.
Последното нешто со кое можат да се пофалат е Спартанската трка која се одржува во 30 различни земји во Светот. Се работи за трка на издржливост која се состои од повеќе различни дисциплини, но во принцип сите се подеднакво тешки.
Сестрите беа учесници во Супер трката на 19 километри офф роад, која вбројува повеќе од 30 препреки, влечење и носење товар, преминување реки, пливање по калливи канали и што ти уште не.
На крајот завршија како 7-мо и 8-мо пласирани од вкупно 150 натпреварувачи, што е повеќе од одличен резултат за Марија и Магдалена.
Покрај освоените медали, сестрите добија е еден дел од Трифектата која се состои од три дела, што се добиваат со завршување на останатите дисциплински трки на ова екстремно тешко натпреварување.
Сестрите – близначки, кочанчанките Марија и Магдалена дефинитивно се „македонските Спартанки“.
Секси до болка, издржливи до коска… Упорни и неуморни… до последен здив!