По речеиси една година од свадбата на пејачката Сара Мејс и нејзиниот сега сакан сопруг, водителот Димитар Анатасовски, тие го добија најубавиот дар од Бога.
Имено, Сара е во блажена состојба и со Диме за неколку месеци очекуваат на свет да дојде нивното прво дете и со тоа да бидат во проширен состав.
За бременоста двојката за првпат откри за првиот број на македонската верзија на магазинот „Стори“, каде Сара откри дека во првото тромесечје имала повеќе мачнини, но сега си го слуша телото и одлично се чувствува.
Инаку, пред неколку недели таа гостуваше во ТВ емисијата „Стисни Плеј“, кај Александра Јовановска, каде отпеа неколку песни, а очигледно беше дека под широката долга кошула го затскрива нараснатото трудничко стомаче.
Честитки за идните мама и тато!