Промотер

Благојче Стојаноски – Туше признава – “Ех, што љубам едно девојче” (ВИДЕО)

Благојче Стојаноски – Туше признава – “Ех, што љубам едно девојче” (ВИДЕО)

Познатиот Благојче Стојаноски – Туше изминатиов  период во соработка со ИН продукција снимаше два видео записи. Како што истакнува и самиот, снимањето поминало одлично но по малку и напорно бидејќи двата спота се снимале во еден ден.

Еден од видео записите е за неговата најнова песна “Ех, што љубам едно девојче”, додека пак вториот видео запис е за неговиот најголем хит “Зелени очи”, а обата се снимаа на неколку на локации во родниот преспански крај на Туше.

„По природа сум малку специфичен човек и овие места и локации ги најдов самиот, па во договор со Ване од ИН продукција, решивме дека местата се баш добри за снимање. Едноставно сакав ова нешто да биде поразлично. Мислам дека не згрешивме и се надевам дека гледачите ќе бидат преадоволни од тоа што ќе го видат“ – истакнува Туше.

Што се однесува до најновата песна на Туше,  “Ех, што љубав едно девојче”, автор на текстот е самиот тој, додека пак музиката е дело на неговиот близок колега од Сиднеј,  Роберт Митревски, додека пак зад аранжманот стои Славко Ристески од Прилеп.

Летниот период на Благојче беше и се’ уште е исполнет со работна агенда, во која се вклучени бројни настапи низ целата земја, од кои најповеќе во охридскиот, преспанскиот и битолскиот крај.

Во меѓувреме, погледнете го видото сработено од Ин продукција за “Ех, што љубам едно девојче”.

To top