Фолк пејачката Благица Павловска својот јубилеен 60-ти роденден реши да го прослави со голема забава во еден скопски ресторан.
Па така, по повод роденденот на пејачката, се славеше со песна, танц, пиење ,јадење… а присуствуваа саканите и пријателите на Благица.
Славеничката на себе имаше коктел фустан со светкави детали, а атмосферата од забавата ја објави на својот Фејсбук профил.
Она со што се пофали, беше роденденската тората која ја добила од пријатели, а на истата на врвот стои детаљ од неа со микрофон во рацете.
Дека си поминале убаво, се гледа од приложеното, а славеничката овој свој роденденски јубилеј сигурно ќе го меморира како еден од најубавите моменти од својот живот.
фото:фејсбук