Благица Ѕунзуровска оваа сезона се појави во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, Благица била поканета од продукцијата два дена пред снимање бидејќи некоја македонска кандидатка се откажала од учеството.
Ѕунзуровска помина во четвриот круг. Меѓутоа, во последната емисија во која настапуваше таа доби еден глас и испадна од музичкото шоу.
View this post on Instagram
Во емисијата кај Стефан Лазаров, Благица откри што се случило.
„Првиот пат кога се појавив, тие ме викнаа од „Ѕвездите на Гранд“. Фората беше тоа што им фалеа кандидати, некоја од Македонија се откажала и мене ме викнаа. Ме викнаа во вторникот, а јас во четврок снимав“, раскажува Благица која беше под менторство на Мили.
„Мене многу ми сметаше што Мили секојпат на Инстаграм ги објавува пробите на „Ѕвездите на Гранд“. Тој самиот во емисија кажа дека сме немале проба, а на Инстаграм објави видео во кое е ставена слика од мене и кажува дека сме имале проба“, вели Ѕунзуровска.
Македонската кандидатка се осврна и на емисијата која таа испадна.
„Не беше толку лошо. Жирито те криви, демек лош избор на песни, а самото жири знае дека они како ментори ги бираат песните. Ние може да дадеме предлог, но не, на крајот менторот одлучува која песна ќе ја пееш“, раскажува Благица.
Таа откри дека по испаѓањето, продукцијата сакале да ја вратат бидејќи им недостигале кандидати, но таа ја одбила понудата.
„Бидејќи фалат кандидати, некои ги враќат назад. Има една што трипати испаѓа, трипати ја враќаат назад. И мене ќе ме враќаа назад, сега на 5ти имаше снимање. Јас не бев заинтеренсирана да одам“, вели Ѕунзуровска и открива зошто не сакала да се врати.
„Сега на овој круг што е се потпишуваат договори. Кој не сака да има договори, автоматски испаѓа“, вели Благица и објаснува дека може да се натпреваруваш без да потпишеш договор но не гарантираат дека ќе направиш кариера.
Инаку, договорот е на 9 години.
Инаку, Благица истакна дека како причина поради не сакала да потпише договор е што не планира да остане во Македонија.
Целото интервју погледнете го видеото подолу.