Радио Милева повторно на сцената на Гранд?

Благица Ѕунзуровска кажа дека нема се појави повторно во музичкото шоу, па се предомисли: „Повторно би се пријавила во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

Благица Ѕунзуровска кажа дека нема се појави повторно во музичкото шоу, па се предомисли: „Повторно би се пријавила во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

Младата талентирана пејачка Благица Ѕунзуровска публиката ја памети по нејзината победа во регионалното музичко шоу „Неки нови клинци“.

Благица претходната сезона учествуваше и во регионалното музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде влезе кога се откажала некоја македонската кандидатка.

Таа одлично се покажа во првото претставување, но подоцна испадна од музичкото натпреварување.

По испаѓањето, Благица гостуваше во емисијата кај Стефан Лазаров и откри дека нема повеќе да се пријавува во „Ѕвездите на Гранд“.

– Сега во овој круг  се потпишуваат договори. Кој не сака да има договор, автоматски испаѓа“, изјави своевремено Благица и објаснува дека може да се натпреваруваш без да потпишеш договор, но не ти гарантираат дека ќе направиш кариера.

Благица Ѕунзуровска откри зошто е незадоволна од „Ѕвездите на Гранд“ и ја одбила понудата да ја вратат: „Ако не потпишеш договор, автоматски испаѓаш“

Меѓутоа, Ѕунзуровска се предомисли, па сега во емисијата „Жешко столче“ истакна дека повторно би се пријавила во препознатливото музичко натпреварување.

-Јас кажав дека нема да се пријавам затоа што малку е тешко, патувања, цело време треба да си во нови фустани, шминки, но е преубаво искуство и мотивација, вели Благицата.

Благица откри дека подготвува и нова песна. Целото интервју погледнете го видеото подолу.

фото: Инстаграм/благица ѕунзуровска/принтскрин/јутуб/жешко столче

To top