Радио Милева
изјави по ицидентот

Бјелогрлиќ се’ уште е во полиција, претепаниот режисер даде изјава: „Дивјачки ме нападна одзади, беше тоа напад на пијан и дрогиран човек“

Бјелогрлиќ се’ уште е во полиција, претепаниот режисер даде изјава: „Дивјачки ме нападна одзади, беше тоа напад на пијан и дрогиран човек“

Според последните информации, Драган Бјелогрлиќ се’ уште се наоѓа во полициската станица во Ниш, каде што е приведен и дава изјава, дознаваат српски  „Новости“.

Да потсетиме, актерот Драган Бјелогрлиќ беше приведен под сомнение дека рано утрово околу 4 часот наутро физички го нападнал режисерот Предраг Гага Антонијевиќ во хотелот „Амбасадор“ во Ниш и го удрил неколку пати во пределот на главата.

„Ме нападна дивјачки. Тоа е напад на дрогиран и пијан човек. Ме претепа затоа што мислеше дека „Дара од Јасеновац“ не требало да се снима и затоа што ја открив неговата корупциска афера“ – изјави Антонијевиќ за „Новости“.

„Ми пријде одзади. Јас дури и не го видов додека не почна да ме удира. Седеше со Катарина Радивојевиќ. Беше пијан. Добро сум изудиран. Бев негова боксерска вреќа за удирање. Има снимки од камерата. Нема што да кријам“ – додаде режисерот.

Фото: Блиц.рс/Јутјуб принтскрин/ Инстаграм принтскрин/draganbjelogrlic_

Останати вести од Радио Милева