Непишано првило е дека голем дел од трендовите доаѓаат од Америка и светски познатите личности. Брзо се шират, а виновници за истото во најголема мера се социјалните мрежи и нивното влијание.
Ако некогаш бизарно и чудно беше кога Ким Кардашијан за разубавување си ставаше маска на лицето од сопствената крв, така сега наместо орална витаминозна суплементација, тренд станува тоа да биде интравенозно.
Па така, голем дел од познатите како: Бред Пит, Том Круз, Џон Леџенд, Криси Тејган, Адел, Ријана, Кендал Џенер, се одлучуваат витаминска терапија да примаат преку инфузија.
Ако некои во краен случај прифааќаат да бидат избоцкани во вена поради здравје, во случајот иако целта е иста, начинот и не мора да биде преку игла.
Но, за познатите ова сега е во тренд, па доколку ги видите на социјалните мрежи со инфузија во рака, не помислувајте веднаш дека се работи за болест и влошено здравје, туку само витаминско освежување директно во вена.
Ова го знае и го проба на себе и балканската музичка ѕвезда Северина.
Таа напиша дека годината ја почнува со витамински третман под лекарски надзор и дека е запозната за тоа дека славните ја применуваат, а таа оди по светски терк.
Дали се работи за влошено здравје или слепо следење на ваквиот бизарен тренд, не е сигурно, но и атрактивната струмичанка, модната блогерка Љупка Митрова заврши на игла.
Тоа дека прима витамини појасни во опистот од објавата, но дали поради тренд или влошено здравје во сезона на настински и вируси, не дополни, па остави знак прашалник кај своите следбеници.
Вака или така освежувањето во вена е директо и ефектно- но во секој случај подобро поради тренд отколку недај Боже поради болест.
фото:Instagram printscreen/ severina/ ljupka_mitrova/ chrissyteigen