Пред да се омажи за принцот Хари, Меган Маркл беше позната американска актерка. Од кариерата се откажа поради љубов, меѓутоа се уште е интересна за јавноста.
Пред да добие некоја серизона улога, Меган работела како хостеса во шоуто „Deal or no deal“. Освен неа, во шоуто се пробала и моделот Криси Теиген, која е во брак со пејачот Џон Леџенд.
„Денес сите ме прашуваат каква беше, а јас веднаш се бранам со тоа дека не сакам да кажам ништо лошо. Таа е прекрасна“, вели Криси.
Таа истакна дека Меган ја памети како тивка и драга девојка.
Актерката и пејачката Менди Мур која е позната по улогата во филмот „This is us“ откри дека во 2006 година поминала некое време со Меган.
„Ја запознав Меган во 2006 година и поминав некое време со неа. Таа е драга и добра жена“, прокоментира актерката.