Радио Милева

Бившиот сопруг на Наташа Беквалац во љубовна врска со другарката на нејзината сестра!?

Бившиот сопруг на Наташа Беквалац во љубовна врска со другарката на нејзината сестра!?

Уште откако се разведе од пејачката Наташа Беквалац, ИТ експертот и угостител Лука Лазукиќ, кој беше осуден за семејно насилство врз пејачката, го крие својот љубовен живот како змија нозете. Сепак, како што дознава „Курир Старс“, Лука од неодамна е во љбовна врска со поранешната девојка на екс- фудбалерот Огњен Короман, танчарката Слаѓана Иванишевиќ.

Двајцата биле видени минатиот четврток во центарот на Белград во кафуле како разменуваат нежности. Тие пристигнале околу 17 часот со пријателите и се држеле за рака. Нарачаа пијалоци и се обидоа да не бидат видливи. Сепак, тоа не им успеало. Според близок извор до двојката, двајцата се заедно еден месец.

Добро информираниот извор открива дека на Слаѓана не пречи што Лука бил во брак со Беквалц.

фото:принтксрин

– Не ја познава Наташа лично, но се дружи со нејзината постара сестра Драгана. Минатото на Лука и сè што и се случило на пејачката не ја интересира, ниту сака да меша во тоа. Секако дека разговарале и за тоа кога се запознале, но и двајцата сакаат да се посветат на својата врска, а не на нивната поранешна љубов. Лука е исто толку заљубен во танчарката колку што е и таа во него. Тие имаат сериозни планови за иднината, но сигурно времето ќе каже дали се еден за друг – завршува изворот.

Српски „Курир“ се обидел да стапи во контакт со Слаѓана за коментар, а таа не ги негираше тврдењатае, но кратко изјави.

„Те молам разбери дека не сакам да зборувам за тоа“, кажала љубезно танчарката. Од друга страна, Лука не одговорал на повиците.

To top