Адел иако се уште не се разведе од својот сопруг Симон Конецки светските медиуми пишуваат дека разводот скапо ќе ја чини.
Бидејќи таа не потпишала брачен договор со Симон ќе мора половина од своето богатство да го исплати на нејзиниот поранешен сопруг. Адел исто така ќе мора да се откаже и од огромната вила на Беверли Хилс.
Според одлуката на судот, Адел и Симон ќе имаат заедничко старателство над седумгодишниот син Ангел, но сите податоци во врска со финансиите нема да бидат достапни на јавноста.
Инаку, Адел неодамна одлучи да испрати барање до судот во Лос Анџелес со цел деталите за нејзиниот развод да останат во тајност. Оваа институција и излезе во пресрет на пејачката и го одобри барањето.
Она што најмногу ја погодува пејачката е тоа што ќе мора да се прости од 70.000.000 фунти.
„Двајцата одлучија приватните детали да ги чуваат подалеку од јавноста, само за да го заштитат нивниот син и се обидуваат на сите начини да ги решат проблемите кои ги имаат. Таа сама призна дека минатата година ѝ била исклучително тешка и дека тоа што работи на нови песни, за неа е терапија. Од тоа е видливо дека е подготвена некои работи да ги сподели со обожавателите“, вели извор близок на пејачката.
За потсетување, Адел се раздели од Симон на средината од претходната година, а оваа разделба тешко ја поднесе.