Реалити таткото Иван Маринковиќ, поранешниот сопруг на Гоца Тржан моментално е во реалното шоу „Парови“, а неговиот син Жељко и мајката на Жељко, Миљана се во „Задруга“.
Во реалното шоу тој истакна дека не сакал никоја друга жена како што ја сакал Гоца Тржан.
„Тоа сакам да го доживееш, да засакаш некој…Мислам да ја сакаш Сашка така што ќе мислиш дека не ти треба некој друг. Мене и пет да ми се соблечат, не сакам ништо со нив. Јас тоа не го доживеав шест години, откако се разведов. После тоа имав само една врска и тоа е тоа, вели Иван на Лука.
За потсетување, Гоца и Иван беа во турбулентен брак, а заедно ја имаат ќерката Лена.