Еден од најпопуларните турски музичари, Мустафа Сандал, поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ е во центарот на скандалите во турските медиуми поради фотографија со една русокоса пејачка.
Како што пренесуваат турските медиуми, Мустафа неодамна бил во Лондон со неговите синови, а во таа прилика се видел со русокосата пејачка и актерка Серел Јерели.
„Од Лондон со љубов.Серел и јас после пријатна вечера“, напиша Мустафа во описот на фотографијата и направи бура во медиумите.
„Не сакам да зборувам, но кога ќе се вратам во Истанбул тоа што го прочитав и кажав за моите љубовници ќе ви биде кажано“, напиша Мустафа на својот профил и додаде:
„Со мене беа две деца. Разговарав со пејачката еден час. Каква врска има со мојот приватен живот? Дали мислите дека ќе оштетите 24 годишна кариера на Мустафа Сандал?, пишува во продолжението на статусот на Мустафа.