Радио Милева

Бившиот на Анастасија Ражнатовиќ ќе стане татко, откриен и полот на бебето

Бившиот на Анастасија Ражнатовиќ ќе стане татко, откриен и полот на бебето

Поранешното момче на Анастасија Ражнатовиќ, Костадин Терезиќ го чека своето второ дете со неговата партнерка Валентина.

Синот на генералниот директор на „Црвена ѕвезда“, Звездан Терезиќ неодамна го прослави првиот роденден на синот, а сега го очекува уште едно момче.

Како што пишува стори.рс, тие двајца повторно ќе станат родители, а убавите вести ќе ги крунисаат со голема свадба во септември.

Како што претходно пишуваа медиумите, парот склопил брак во интимна церемонија, а големата свадбена прослава која ја планирале претходната година ја одложиле поради пандемијата со коронавирусот.

фото: антонио ахел/ата имагес

To top