Радио Милева многулетна мајка

Бившата на Сталоне се породи: Бриџит Нилсен на 54 години роди ќерка (ФОТО)

Бившата на Сталоне се породи: Бриџит Нилсен на 54 години роди ќерка (ФОТО)

54-годишната актерка Бриџит Нилсен го роди своето петто дете. Таа на светот донесе здраво девојче. Според светските таблоиди, среќниот настан се случи во петокот во Лос Анџелес.
“Ние сме среќни и ја поздравуваме нашата прекрасна ќерка. Тоа беше долг пат, но вредеше“ – изјавила  ѕвездата од „Ред Соња“ и „Кобра“, цитирана од Daily Mail.

На крајот од мај, актерката, позната по нејзиниот брак со холивудскиот актер Силвестер Сталоне, изјави  дека 23 години по раѓањето на нејзиниот четврти син, повторно ќе стане мајка.

Ѕвездата има четири брака зад неа – Каспер Виндинг, Силвестер Сталоне, Себастијан Коупленд и Раул Мејер. Од нејзините бракови и претходни врски, Бриџит Нилсен има четири сина. Најстариот од нив, Џулијан, има 34 години, а најмладиот, Раул Џуниор – 23 години.

Извор:Новини.бг

To top