Кантавторката Марија Мирковиќ, која на домашната јавност ѝ е позната како некогашна членка на составот Фрајле, веќе ја навикна пубиката видеата за своите песни да ги снима на светски дестинации. Така е и овој пат, спотот за новата песна со наслов „Не питам те ја за њу“ го сними во Шпанија. Под режисерската палка на Сандра Михаљевиќ екипата се упати на, како што вели Марија, мала екскурзија каде покрај добро завршената работа имаше можност и да ужива во Андалузија.
Шпанските градови Ронда, Фригилијана и Јузкар се локации кои на самата песна ѝ даваат дополнителен шмек.
„Сакам да снимам спотови во градови во кои не сум била, бидејќи искрено не ги сакам снимањата. Сепак, секое патување на снимање за мене е како мала екскурзија. Овој пат се одлучивме за Андалузија, Шпанија, бидејќи на самиот почеток песната ме асоцираше на Шпанија. Онаа стара Шпанија со мали села до кои се стигнува преку тесни патчиња и каде се прашуваш каде одиш“, вели Марија.
Екипата помина три интензивни работни дена во Шпанија, сосема доволно време да се склопи сè како што треба, односно песната и видеото да се спакуваат онака како и што е замислено. А притоа, како што вели Марија, сите уживале. Темата „Не питам те ја за њу“ е создадена во 2021 година. Музиката ја потпишува самата кантавторка, текстот е со потписот на Алка Вуица, додека аранжманот е дело на Бранимир Михалевиќ.
„Алка Вуица ми испрати текст, седнав крај клавирот, ги преточив зборовите во музика и тоа е тоа. После неколку дена сфатив дека песната е сепак за мене, а не за некој друг, како што мислевме на почетокот. Исто како и со „Пожури, пожури“, вели Марија и додава дека ѝ е особено драго што во сето лудило кое го имала во тој момент, ја држело чувството за песната која едноставно морала самата да ја отпее. Марија открива и дека е среќна што идејата за аранжманот се родила токму во студиото кај Михаљевиќ, и тоа додека му ги свирела песните кои мислела дека ќе ги стави на албум.
„Веднаш сфати што ѝ треба на оваа песна, се фрли на работа и мислам дека ја збогати песната и му благодарам за тоа“, заклучи Марија, која успешно продолжува со градењето на својата кантавторска кариера.