Најубавите џез-композиции што ги прославиле великани како што се Дин Мартин и Френк Синатра, а во поново време и Мајкл Бубле, се дел од програмата на „Новогодишната џез бајка“, со која на Народниот театар – Битола ќе ја заокружи оваа 2017 година.
Во аранжман на Давор Нечак, празничните класици ќе ги изведува квинтетот „Фрагмент“, односно Јасна Мажевска, Давор Нечак, Дарко Бошков, Стефан Тасевски и Марјан Павловски, а како специјални гости најавени се актерката Маја Андоновска Илијевска и виолончелистката Даниела Радевска.
Концертот е закажан за 28 декември, со почеток од 20 часот, а влезниците се веќе пуштени во продажба во ТА „Тео травел“ во Битола.