Некогашна манекенка, мисица, модел, денес со факултетска диплома во џебот и општинска партиска функција, со надеж за политичка кариера во пораст. Позната како „мисицата од Дрисла“ зашто денес работи токму на најпознатата скопска депонија, како магистер за управување со отпад.
Однеодамна, откако за лидер на нејзината партија во која таа членува дојде жена, жените по се изглед почнаа повеќе да добиваат функции и раководни места, па така Билјана Јаневска стана секретар на општинскиот огранок на ЛДП во Крапош.
Арно ама, колку да е жена на функција, сепак, најпрвин е жена… До душа таа се’ уште не мажена, па подобро би звучело девојка, но, сеедно… Она што го посакува, на моменти очигледно го посакуваат и сонуваат и немажените и мажените. Можеби не сите, ама многу од нив секако – ДА!
Впрочем, дека е тоа така, потврди самата оштинска фунционерка, која на своите Инстаграм приказни сподели нешто што очигледно „долго трепка“… Особено кај неа, а многу веројатно и кај „секоја втора тетка“! Во своето „јавно обраќање“ мисицата од Дрисла обзнани и призна дека и жените од мажите, не се ништо поразличен сој… Инаку како да се протолкува она: „И жените викаат за мажите – Леле, шо би му праела на овој“! И Билјана уште истото го потврди дека е точно… Дека и жените викаат!
И сега , оттаму само по себе се наметнува прашањето: А кој е тој – овој? Со оглед на дејноста на фирмата во која работи, мисицата можеби таму тешко дека ќе го најде посакуваниот субјект „за праење“! Арно ама, затоа пак тука е пратијата во која членува и обавува некаква општинска функција… Во неа понудата е веројатно подобра отколку онаа во фирмата, иако веројатно не е лесно да се најде оној, за кој и жените… кажевме веќе што викаат.
View this post on Instagram
До душа и таму, во нејзината партија има по некоја фаца и тоа позната, ама…
Овој на пример, за жал е зафатен… До душа, тоа не мора ништо да значи ама, сепак… Не е исто слободен и „бизи“!
Можеби токму затоа иако се од иста партија, “не му текнува“ мисицата, барем да ја викне во емисија… На „Златниот тепих“!
А за „праење“…? Тоа останува на жените, нели така тврдеше и самата Билјана? Само, колку да се знае… Она: После „праење нема каење“ – се’ уште важи! И тоа за сите… И за жени и за мажи!
Фото: Инстаграм принтскрин/miroslavkacarov/biljana_janevska