Радио Милева никогаш посреќна

Били Ајлиш си фати колега за момче и ги потврди гласините дека е во врска со 11 години постариот пејач (фото)

Били Ајлиш си фати колега за момче и ги потврди гласините дека е во врска со 11 години постариот пејач (фото)

Неодамна се појавија гласини дека светски познатата пејачка Били Ајлиш(20) е во врска со колегата Џеси Радерфорд(31), а сега и официјално станаа шпекулациите станаа вистина.

Били и Џеси во вторникот беа уловени на вечера во Лос Анџелес, а на патот до ресторанот се бакнувале и секако дека тоа го забележиле папараците.

Били изгледала никогаш посреќна додека одела кон автомобилот со музичарот. Пред да стигне до автомобилот, парот неколку пати правел паузи за да размени нежности.

Ајлиш била облечена во вообичаен стајлинг, носела неколку броеви поголема јакна, која ја искомбинирала со широки панталони и „Converse“ карирани патики.

Џеси исто така носел лежерна комбинација – на себе имал темносина маица со долги ракави и долги сиви панталони и едноставни бели патики.

фото:Инстаграм

To top