Голем број на песни испеани од народните пејачи всушност ги напишале најголемите српски рокери. Еден од најпознатите рокери Милиќ Вукашиновиќ, кој пишувал многу народни песни кои ги отпеале познати фолк ѕвезди како Ханка Палдум на пример, чии хитови „Тражио си све“ и „Вољела сам вољела“, се токму компонирани од Милиќ.
Во 2001 година, рокерот ја напиша песната „Сањам да си опет ту“ (Сонувам дека повторно си тука), која повеќе од извесно било дека треба да ја испее Цеца. Како што изјавил рокерот во тоа време, Цеца не сакала да ја сними оваа песна заради интервенцијата на Марина Туцаковиќ, со чиј тим Цеца соработувала, а Марина го спречила тој чин.
Милиќ ја објавил песната на својот профил на Фејсбук, и во белешката напишал: „Песната настана кога беше убиен Аркан, и Бог ја создаде за Цеца, но… таа не сака да ја пее!“
Оваа балада, која зборува за трагичниот крај на љубовта, Вукашиновиќ ја напишал непосредно по убиството на Жељко Ражнатовиќ – Аркан. Песната на крајот ја сними Јована Типшин и таа звучи вака: