Радио Милева нов албум

Бијонсе објави нова песна, а обожавателите ја обвинија дека копира (ФОТО)

Бијонсе објави нова песна, а обожавателите ја обвинија дека копира (ФОТО)

Некои обожаватели го споделија своето разочарување од синглот на социјалните мрежи, велејќи дека Бијонсе ја  „копирала“ младата  американска раперка  Азеалија Бенкс.

40-годишната Бијонсе го објави својот прв сингл од долгоочекуваниот албум „Renaissance“, а по слушањето на песната фановите се поделија.

Синглот „Break My Soul“ е наведен како шеста песна на нејзиниот претстоен албум, а минатата недела таа објави дека наскоро ќе го објави седмиот соло студиски албум.

Обожавателите ги нижат реакциите за синглот на социјалните мрежи, а некои ја нарекоа песната „летна химна“, но не сите се задоволни.

Некои обожаватели го споделија своето разочарување од синглот на социјалните мрежи, велејќи дека Бијонсе изгледа ја „копирала“ младата американска раперка Азеалија Бенкс (31).

– Песната звучи како груба, глупава, небрендирана копија на нешто што Азеалија Бенкс би го направила подобро. Бијонсе требало да ја покани раперката да отпее неколку стихови.“

„Слушнав и помислив на Azealia Banks… Бијонсе треба да престане да краде од вистинската кралица“,

„Новата песна на Бијонсе звучи како верзија на песна на Азеалија Бенкс – рекле обожавателите.

Да потсетиме, Бијонсе се враќа на музичката сцена по шестгодишна пауза со нејзиниот нов албум „Renaissance“,  и тоа е нејзин прв албум од 2016 година

 

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Профимедиа

To top