Радио Милева
необичен мотив

„Биди среќен и горд на патот наречен живот“: Борко Ристовски и неговата сопруга Нина го прославија роденденот на синот на несекојдневен начин (фото)

„Биди среќен и горд на патот наречен живот“: Борко Ристовски и неговата сопруга Нина го прославија роденденот на синот на несекојдневен начин (фото)

Македонскиот ракометен голман Борко Ристовски и неговата сопруга Нина приредија неверојатна прослава по повод роденденот на нивниот син Душан.

Тие направија необична забава инспирирана од американскиот филм „Маска“, со познатиот актер Џим Кери, кој веројатно е омилениот лик на нивното петгодишно синче.

Фановите се изненадија што целиот двор во игротеката каде што се одлучиле да прослават беше со мотиви од филмот, а бидејки беше детски роденден и двајцата родители се потрудиле да подготват се’ да биде на највисоко ниво.

На забавата биле поканети и аниматори облечени во суперхероите Спајдермен и Капетан Америка кои се потрудиле да го разубават роденденот и трчале кон дечињата кои  со ентузијазам ги пречекале.

Посебен дел за игри, балони, аниматори, банкноти на декоративната трпеза, но и големата торта со ликот на семоќниот Стенли Ипкис, ја разубавја славеничката атмосфера.

„Биди ми среќен и горд на патот наречен живот! Среќен роденден љубов татина! “ – гласеше објавата на Борко на неговиот  Инстаграм профил.

Но, сепак најголем впечаток оставија моментите со филмските сцени од култниот филм „Маска“… и секако среќните и восхитени детски лица, а најмногу она на малиот славеник!

 

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Борко Ристевски/ Николина Ристовска

Останати вести од Радио Милева