Македонската поп пејачка Биба Додева е позната по активностите на своето здружение „Борка“ за борба против ракот на дојката. Бројните активности на ова поле, покрај уметничките и вокални квалитети Биба ја прават и вистински хуманитарен борец за здравјето на жените и борбата против една од најопасните болести на денешницата.
Биба деновиве имаше двоен повод за исто славје. Две важни годишнини, два родендена, кои ги одбележуваат можеби најважните нешта во нејзиниот живот: 12 години од постоењето на „Борка“ во Македонија и роденденот на нејзиниот татко.
Биба ја загуби својата мајка, токму по нејзината долгогодишна борба со тешката и опака болест, па нејзиниот татко и остана единствениот родител. Во исто време токму заради болеста на мајка и се роди „Борка“… И кога ќе се погледне и обете работи ја врзуваат за семејството, се рабира родителот е родител, а задружението на некој начин го чува споменот за мајка и, но и ја продолжува борбата и животот на сите со слична судбина.
Затоа Биба не пропушти да ги одбележи двете годишнини, двата јубилеја, двата родендена со две одделни посвети од срце, полни со љубов, убави желби, смисол и надеж за живот, за понатамошно постоење… И обете таа ги постираше на социјалните мрежи преку својот Фејсбук профил.
Роденденската честитка за родителот пак, нема кого нема да го наежи, да му го стопли срцето, да го разнежни и исполни со љубов… Исто толку голема и искрена колку и нејзината иразена во вид на пишана роденденска порака во стихови, како своевидна песна до татко и:
„Тој намногу се радува на моите успеси..
Тој со ноќи нема спиено поради мене…
Тој секогаш ми посакува да бидам среќна..
Тој секогаш е на моја страна, па дури и кога не сум во право…
Тој најмногу верува во мене, дури и кога јас не верувам во себе…
Тој ме научи да верувам во доброто, во љубовта, во секој нов ден..
Тој ме научи да го сакам животот..
Тој ме научи да простувам…но најважно да знам на себе да си простам..
Тој ме научи да помагам без да очекувам некој да каже благодарам..
Тој направи цел живот да се чувствувам најсакана на свет..
Тој е пример за добрина, љубов и трпение и благословена сум што ми е МОЈ ТАТЕ…
Тој е надобриот татко на цел свет!
Да си ми жив и здрав уште многу години…
ТЕ САКАМ ТАТО!
СРЕКЕН ТИ РОДЕНДЕН, па да го славиме уште долго“ – напишала Биба во својот роденденски пост до татко и.