Како некогаш“ е насловот на победничката песна со која Биба Додева триумфираше на поп-вечерта на годинешниов фестивал „Охрид фест- Охридски трубадури“, кој се одржа првиот викенд во септември. Пејачката вели дека се работи за автобиографска тема во која таа пее за љубовта на својот живот – нејзината мајка, која ја загубила во борбата со опаката болест – канцерот.
Автор на музиката и аранжманот на оваа моќна балада е композиторот Владимир Дојчиновски- Дојчин, на чија музика совршено легнала приказната од текстот која ја напишала поетесата Ана Бунтеска.
„Песната е автобиографска… И моја и на Ана, и на сите оние кои што изгубиле некого. Инаку, со Ана се познаваме многу оддамна. Јас сум еден од оние нејзини фанови, почитувачи нејзиниот збор, нејзините стихови и песни и сето она што таа го прави“ – изјавила Биба во бекстејџот на „Охрид фест“ за Женски магазин и продолжува:
„Уште во периодот кога ја загубив мајка ми, ѝ реков на Ана дека ако решам да правам албум, сакам таа да ми ги пишува текстовите…“ – заклучува Биба. И еве, соработката стартуваше!
Покрај музиката и аранжманот на победничката песна, Дојчин ги изработел и миксот, мастерингот и продукцијата на песната, која како звучи можете да слушнете читајќи ги стиховите на лирик видеото на „Како некогаш“ во продолжение: