Радио Милева

Би ја препознале ли Јелена од „Преспав“ со новиот имиџ и без шминка? (фото)

Би ја препознале ли Јелена од „Преспав“ со новиот имиџ и без шминка? (фото)

Талентираната, шармантна и харизматична актерка Јелена Јованова која дополнително ги освои симпатиите на публиката со улогата на Јелена од Драчево во серијата „Преспав“, го промени имиџот, но покажа и како изгледа без грам шминка.

Имено, Јелена како што е ред се активираше на својот профил на Инстаграм и го покажа своето лице во едно поинакво светло – природно.

фото:инсатграм/преспав

Во „Преспав“ ја гледавме со многу аксесоари на себе, колорит и шминка, па во ова издание изгледа како тинејџерка, иако е во четвртата животна деценија.

фото:инсатграм/јелена јованова периќ

фото:инсатграм/јелена јованова периќ

Кога пак се во прашање професионалните ангажмани, таа моментално снима нов филм кој е насловен „Опрости“, а освен тоа од септември почнува со снимањето на новите епизоди од многу очекуваната четврта сезона на „Преспав“.

фото:инстаграм/преспав

Нема сомнеж дека публиката со нетрпение го чека производот во кој ќе ги гледа згодите и незгодите на газдите и вработените во пансионот на Преспанско езеро.

To top