Меѓу сите моќни парови во светот, Дејвид и Викторија Бекам со години ја држат својата позиција. Влијателни и секогаш интересни за медиумите.
Но, некогаш изгледале сосема поинаку. Викторија, но и Дејвид секогаш биле вистински трендсетери, па така кон крајот на 90-тите имале друг имиџ. Денес тоа изгледа смешно, но тогаш многумина го копирале нивниот стил.
Дејвид ја запознал Викторија во 1997 година, кога била во популарната група „Spice girls“. Во брак се 18 години, а имаат четири деца, три сина и една ќерка.
Бекамови денес пред секој објектив сјаат и светот го воодушевуваат со елеганција и стил. Викторија во меѓувреме стана модна дизајнерка, која заработува дури повеќе од својот сопруг, додека Дејвид е заштитно лице на многу брендови.
Сепак, постојат фотографии од младоста кои ако можат би ги запалиле.