По смртта на мајка и Дивна, Јелена Карлеуша полека почнува да се враќа во нормала и да ги извршува секојдневните животни обврски.
како што е познато, многу тешко ја поднесе загубата, особено првуите денови по смртта на Дивна, со што никако не можеше да се помири и да ја прифати тажната реалност. Затоа не минуваше ден, а да не објави или заедничка или само фотографија од нејзината мајка.
Но денес, на социјалната мрежа инстаграм на профилот кој не е нејзин, а е насловен „Естраден музички времеплов“ осамна фотографија која кога ќе ја види, на Карлеуша одново ќе и се „скрши срцето“. неа, сигурно, ама и на многумина од нејзините почитувачи и обожаватели, па и обичните читатели…
Имено, на црно-белата фотографија се сликани таа и мајка и… Дивна Карлеуша која во скутот ја држи малата Јелена Карлеуша, својата ќеркичка која ја дува единствената свеќичка на тортата за својот прв роденден!
Некои спомени навистина се безвременски и бесценети!
Фото: E-stock/Страхиња Костиќ/ Инстаграм принтскрин