Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, зборуваше за важноста на раниот детски развој и програмите поврзани со оваа тема, која таа ја поддржува со години. Не така одамна таа одговараше на прашањата на своите сонародници и нови проекти, а откри и како се снаоѓа како мајка на три малечки.
– Раниот развој не е само за здравјето на нашите деца, тој е многу повеќе од тоа. Се работи за здравјето на целото општество – изјавила Кејт.
Внимание, безбедна средина, поддршка, правилна исхрана, сето тоа треба да им се обезбеди на децата од првите денови од животот. Сопругата на принцот Вилијам се насмеа кога го прочитала прашањето кое многупати се појавувало во различни форми – како успева да се носи со толку многу деца во куќата? Џорџ е веќе сериозно момче, Шарлот е вистинска мала дама, Луис има свои моменти кои ги видовме и на прославата на платинестиот јубилеј, но на крајот на денот сите се само деца, кои сакаат да си играат и да уживаат во се. што подразбира детството.
-Тоа би сакала и јас да го знам – се пошегува Кејт, која не применува казни, туку техника на разговор кога некој од тројцата прави зло. Правилата мора да се почитуваат, но без висок тон и груби зборови. Секако, на помош доаѓа и дадилката.
Прашањето кое е нејзиното најдобро сеќавање од детството беше многу полесно. Таа како од ведро небо одговори:
– Сакав да поминувам време надвор, што е навика која ја следам и денес.
фото:Guliver/Getty Images/Instagram