Ако некогаш природната убавина и негуваното лице беа на пиедестал, денес живееме во време кога на прво место е силната шминка и естеските корекции.
Секој има лично право на избор за тоа како преферира да го трансформира, стилизира или негува својот изглед, но врмињата дојдоа дотаму што се’ поголем дел од припадничките на понежниот пол наликуваат една на друга со волуменознте усни и екстремно мали носиња.
Реалната слика ретко кој ја покажува, особено пак ако се има некаков естетски проблем, тогаш шминката „оди на кило“…
Пејачката Александра Јанева е во редот на оние ретките.
Таа иако е јавна личност и постојана е на сцената која бара појака шминка, Јанева гледа тоа да го минимизира, но и да го покаже своето вистинско лице, односно проблемот со акни, црвенило, затворени пори за кој отворено и без резерва откри пред следбениците на Инсаграм.
View this post on Instagram
Александра освен што покажа како естетски реално изгледа нејзиниот проблем, ги покажа и резултатите по козметичките третмани кои ги применува и е задоволна од истите.
Со шминка или без неа, Јанева ги мотивираше и инспирираше своите следбенички да бидат со што помалку резерва и комплекси и да не ја маскираат реалноста.
View this post on Instagram
Витруелниот свет и новото модерно време за женскиот изглед ја искривија сликата за женската убавина, но барем можеме да се потсетиме дека секоја дама барем понекогаш има по некое мозолче, црвенило или пак со годините и нова брчка.
фото:Инстаграм/Александра Јанева