Живееме во скапо време поради кое секојдневно знаеме да прокоментираме кој прехрамбен производ е со повисока цена од вчера или која е замрзната за паричникот на потрошувачот.
Оттука, навиките кои самите ги поставуваме во поглед на она што останува вишок на трпезата, некако не става пред чин да водиме поголема сметка во секојдневието.
ТВ водителката и автор на емисијата „Жилет“, Живкица Каленикова е жена домаќинка која за своето семејство редовно е во кујна каде придотвува разни специјалитети за сопругот и трите дечиња. Секој со сопствени желби и наклонетост кон вкусови, но кога мама Жиле готви, тогаш ништо не се пребира.
Од лепчиња со разни семиња, до омилените чорби, па се до домашна паштета за која сподели и рецепт. Кај Жиле ништо не оди бајдијала и во отпад, особено не остатокот од риба од која таа прави паштета.
-Домашна паштета. Јас си се водам по она”штета да се фрли”, тоа важи кај мене за остатоците од храна , на кои гледам да им најдам примена во следен оброк , така најчесто кога ми останува риба знам дека ќе има и паштета, покрај рибата додавам во блендер:маслиново, зачини, лукче , целер авокадо (не секогаш) , малку сенф. И се јаде без грижа на совест, порачува и препорачува Живкица.
Љубителите на риба веруваме дека ќе посакаат да ја пробаат оваа домашна паштета, а и да и го најдат решението на остатокот риба, па следниот оброк да биде ново доживување и насладување.
Совеста мирна, стомаците полни, а навиките ставени во ред!
фото:Фејсбук/Живкица Каленикова