Популарната пејачка Ана Николиќ веќе две децении е дел од забавната сцена.
Таа е една од најпознатите пејачки на овие простори која веднаш го привлече вниманието со својот атрактивен изглед и одличниот глас.
Кариерата на Николиќ започна во 2003 година со албумот „Јануари“, таа година доживеа голем успех и од тој момент нејзината кариера почна да напредува, а според неа, Марина Туцаковиќ, хитмејкерот кој почина пред неколку години, е одговорна за овој успех.
Ана никогаш не криеше колку и беше благодарна на Марина за се што направи за неа, но и за многуте хитови што ги напиша.
На една страница на Инстаграм на која се објавуваат стари фотографии од славни лица, се најде и фотографијата на Ана, а како што пишува таа е направена пред почетокот на нејзината музичка кариера.
Таа позира со голи гради кои ѕиркаат низ еден цвет и сите ја коментираат нејзината природна убавина во младоста.
View this post on Instagram
Таа покажа природен изглед, без естетски корекции, но и смелост да позира гола.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Естрадни времеплов