Радио Милева

Без естетски операции и без силикони: Гоца Тржан откри како треба да изгледа совршена сопруга!

Без естетски операции и без силикони: Гоца Тржан откри како треба да изгледа совршена сопруга!

Пејачката Гоца Тржан е три години во брак со помладиот сопруг Раша Новаковиќ.

Таа е четиринаесет години помлада од нејзиниот сопруг, но вели дека не планира да се исложи на естетски операции за да изгледа помладо.

„Секој од нас има моменти кога е незадоволен од сопствениот изглед. Најмногу за тоа размислуваме кога сме во младоста, тогаш ништо не ни одговара и сакаме да промениме. Кога сме млади и нереализирани на некои животни полиња, сакаме сè да промениме. Сфатив дека од ова тело не можам да избегам и се водам со поговорката „тоа е, што е“.  Научив не само да се сакам, туку да го почитувам своето тело. Вистина е – не е совршено, но важно е дека добивам комплименти на својот изглед и се фоксирам на она што ми се допаѓа, вели пејачката и додава дека најважно и е што нејзиниот сопруг Раша ја сака таква каква што е.

фото:Курир

„Важно ми е што мислат оние кои ги сакам, секако важно ми е што мисли мојот сопруг. Важно ми е како ме гледа и најубаво е чувството кога партнерот ве сака покрај сите мани.  Не ми се потребни силикони за да бидам убава, ниту пак да му бидам убава на Раша. Сакам да бидам негувана и средена, да отидам на третман за лице, но не и на операции.  Сакам да направим миникир, педикир, да отидам на фризер и масажи, тоа е сосема доволно да бидам привлечна. Жените мора да се почитуваат. Ако мислите дека ќе сакате со тоа што ќе направите седум операции и ќе го промените личниот изглед, се лажете, вели Гоца.

To top