Пејачката Гоца Тржан секогаш на прво место го става своето семејство, посебно нејзината ќерка Лена.
Иако редовно настапува, подготвува нови песни и е дел од жирито на „Пинкови ѕвездички – all stars“, пејачката не дозволува нејзиното семејство да трпи.
Гоца во интервју истакна како нејзината ќерка се бори со тоа што мајка и е позната, но и со тоа како се бори со нејзиниот пубертет.
„Никогаш ништо не ми замери, само се лути кога ќе и кажат „Еве ја малата на Гоца. Лена во принцип е ОК, си има свои жолти минути така да се трудам да не се караме премногу“ вели Гоца.
Тржан вели дека е среќна во бракот, но дека имала моменти кога сакала да го изневери сопругот.
„Бев во искушение да го изневерам. Во некој момент ќе паднеш во некоја несигурност која брзо поминува“ беше искрена Гоца која призна дека нејзината ќерка и Раша одлично се согласуваат.