Поминаа речиси седум години од нејзиното последно појавување во медиумите и кога го изгуби бебето откако нејзиниот партнер физички ја нападна.
„Тешко ми е, бев во четвртиот месец од бременоста. Јас преживеав, но не и бебето“ изјави Буба Добросављев.
На прашањето дали го провоцирала нејзиниот партнер за да физички ја нападне, таа одговорила дека многу и се допаднал.
„Беше шармантен. Дојде до бременост.Сакав да верувам дека се ќе биде во ред, иако малку се познававме.Но, уште кога бевме на море сфатив дека е нервозна личност. Ништо не успеваше да заврши до крај. А често велеше дека психички е здрава личност. Во седмата недела од бременоста стана агресивен. Не можеше да го поднесе фактот дека ќе стане татко.Одлучив да си заминам од морето бидејќи инсистираше да се возам на мотор, а тоа ми беше забрането во текот на бременоста. Сакав да си одам,а тој не ми дозволи. Сакав да размислам што ќе правам понатаму“, објасни водителката.
https://www.youtube.com/watch?v=CEhvL0eloS8
ТВ водителката објасни откако Небојша се вратил од одмор одлучила да живее со него.
„Му соопштив дека ќе живеам со него и тука настанаа сите проблеми. Му кажав дека не може да живееме во тој простор бидејќи не можев здраво да се хранам како трудница. Јас бев изолирана од телефон и интернет. Одлучив да го оставам и му кажав дека ќе одам кај мајка ми додека не најдеме решение. Ме турна, падна на стомак и имав крварење. Почна да ме дави, останав без воздух. Последно што памтам е “ќе те убијам“ објасни своевремено водителката.
Еве како денес изгледа познатата водителка.