Менсур Ајдарпашиќ за време на своето учество во неколку сезони на „Задруга“ привлече најголемо внимание со бурните љубовни врски со цимерите од реалното шоу, а после се реши да направи пауза од реалити кариерата, да се посвети на себе и на својата нова избраничка. Ајдарпашиќ во интервјуто за Курир.рс се осврна на своите грешки од минатото, новата избраничка, но ги спомна и главните актери на љубовниот триаголник кој го тресе регионот.
– На љубовен план се е под контрола. Среќен сум и задоволен – искрен беше Менсур, а потоа се наврати на љубовниот триаголник:
-Не мислам ништо добро за Звездан, Ана и Ангела. Ужас и срам. Секогаш мислам дека нема ништо полошо, но никогаш не било толку лошо. Искрено не се ни трудам да го гледам, не можам навистина да го гледам. Ана лично не ја познавам, но немам добро мислење за неа. Доста сум посветен на себе и на моите цели, па не ги гледам главните актери на оваа приказна – појасни Менсур, а потоа откри за што најмногу жалел за учеството во реалното шоу:
– Никогаш не би ги повторил љубовните врски во кои бев. Кога би можел да го вратам времето, би бил многу подобар, попозитивен, позабавен. Има многу грешки, сите грешиме, но тоа не е оправдување за мене – искрено одговори Менсур.
Да потсетиме, меѓу Анѓела Ѓуричиќ и Менсур Ајдарпашиќ, според многумина, уште додека беа во „Задруга“ се појавија искри, а неодамна тој дополнително ја разбранува јавноста кога јавно ја разоткри Анѓела Ѓуричиќ и откри дека биле во некаква врска за време на летото,и дека се виделе неколку пати.
Фото: Принтскрин/Ненад Костиќ/ Немања Николиќ