Новак Ѓоковиќ и ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија често беа на насловните страници на локалниот печат. Дали се во врска, дали се пријатели, ова се само дел од прашањата на кои јавноста бараше одговори.
– Тоа е навистина страшно за мене. Имаше многу такви наслови, а најлошо ми е што луѓето веруваат и мислат дека тоа го туркам во весниците. И не е така. Пишуваат за да продадат, се под лупа испитуваат дали ќе се продаде и не им е важно дали е вистина или не – изјави своевремено Анастасија во емисијата „Ексклузив“.
Ноле не се огласи, а не се огласи ниту неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ. До сега!
Имено, Анстасија пред само неколку дена на својот профил на Инстаграм објави видео од гостувањето кај Милан Калиниќ во емисијата „Преживеани“. Таа сподели емотивен дел, каде отпеа песна која, благо кажано, ги натера нејзините следбеници, но и нејзините многубројни колеги од естрадата да коментираат.
Сепак, многу брзо Анастасија го избриша ова видео. Зошто, не е познато. Веруваме дека тоа што Јелена Ѓоковиќ и оставила коментар секако не била причина.
„Леле леле леле“, воодушевено напиша сопругата на Нолет и со тоа дефинитивно стави крај на сите озборувања и градски шпекулации.
А за оние кои се уште беа без зборови на пеењето на Анастасија, погледнете сами на принтскринот кој беше направен додека видеото на Анастасија сè уште беше видливо на Инстаграм.
фото:Instagram/Profimedia/Getty Images