Радио Милева

„Беше со мене пред голем животен тест“: Ване Маркоски во улога која му исполни срце (фото)

„Беше со мене пред голем животен тест“: Ване Маркоски во улога која му исполни срце (фото)

Во текот на летниот период не се актуелни само летните одмори, туку и свадбените прослави каде  младите ја крунисуваат својата љубов со брак.

Некои од свадбените обичаи и традиции се менуваат со текот на годините, а оние главните се почитуваат и применуваат. Така беше и со македонскиот водител Ване Маркоски кој се најде во улога на девер кај своја пријателка и ги испочитува свадбените традиции.

На својот Фејсбук тој се пофали со неколку свадбени фотографии, а во описот напиша дека бил девер кај девојка што ја сретнал на влез во една скопска дискотека, а која за краток период му станала пријателка.

Девер…
Кај девојката со која се запознавме на влез во Сектор, знаејќи уште од прва дека ќе биде другарство, кај другарка која и покрај што ме знаеше само еден месец, беше со мене кога бев исправен пред голем животен тест, кај човек со кој поминавме за една година, повеќе од некој што поминува за 10 год.
Кај една личност која може да смета на се од мене во животот…
Ова е девојка која ми ја врати вербата во другарство, пријатели мои.
Leni и Darko ви ја посакувам најголемата среќа на светот…
Гледајте и на среќата во очи, и оставете зад себе се од нелуѓе , напиша Ване на Фејсбук.

Не се соменаваме дека водителот си поминал убаво, а дека младите ќе имаат убав и успешен брак.

ото

фото: Фејсбук

To top