Во почетокот на деведесеттите години, српската денс сцена беше полна со бендови кои станаа познати и во регионот. Една од најпопуларните беше групата „Моби Дик“.
Освен фронтменот на групата Срѓан Чолиќ, прва пејачка во дуото беше Ана Станиќ, која откако си замина ја започна својата соло кариера, а нејзиното место го зазеде згодната русокоса Александра Перовиќ.
„Моби Дик“ снимаа и интересни видеа за своите денс хитови, а едно однив остана запаметено по тоа што сексот во спотот навистина бил реален! Се работи за познатиот хит на дуото кој се пее и денес, а носи наслов „Љубоморен“. Како што еднаш изјави фронтменот Срѓан Чолиќ, тој бил во врска со двете пејачки на „Моби Дик“… И со Ана Станиќ и со Александра Перовиќ, а во спотот за „Љубоморен“ жешката сцена тој ја (сн)имал токму со Александра.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/vo-ova-domashno-video-pejachot-i-pejachkata-imaa-vistinski-seks-video/
После многу хитови и концерти, Александра реши да тргне по својот пат, па започна соло кариера, но набргу сосема се откажа од музиката.
Кога го роди синот Павле, Александра целосно се повлече од музичката сцена, а денес е успешна професорка и сега предава спортски менаџмент на еден приватен универзитет.