Радио Милева „Тажна сум за него!“

„Беше опседнат со својот изглед“: Поранешната менаџерка го оцрни Том Круз

„Беше опседнат со својот изглед“: Поранешната менаџерка го оцрни Том Круз

Менаџерката на Том Круз, пензионираната извршна директорка Ајлин Берлин, открива дека холивудските ѕвезди не се баш онакви какви што изгледаат. Имено, таа за „Дејли мејл“ изјавила дека актерот бил опседнат со својот изглед кога бил помлад.

– Том беше толку опседнат со својот изглед што цел ден го помина експериментирајќи со пози за неговата прва фотосесија – рече таа и откри како се подготвувал за фотосесијата:

– Се подготвуваше за фотографирањето парадирајќи во долна облека. Имавме ѕид од огледала и тој се шеташе во панталоните и ги стискаше тупаниците и бицепсите восхитувајќи се во огледалото. Тој беше загрижен за висината.


Ајлин истакнува дека во многу ситуации и било непријатно во негово присуство.

– Се засрамив, но тој сакаше да го покажува своето тело. Беше многу горд на тоа. Тој беше загрижен дека е висок само метар и седумдесет. Рече дека би сакал да носи чевли што малку ќе го подигнат“.

Иако негираше дека направил пластична операција, се шпекулира дека го оперирал носот, трансплантација на коса и ретуширање на забите. Берлин рече дека нема да биде изненадена кога ќе дознае дека Круз ги имал овие процедури.

– Мислам дека ќе направи се’ што е потребно за да го задржи младешкиот изглед што подолго.Околу него секогаш се’ се вртело. Само јас, јас, јас и јас – рече таа и откри дека и тој имал проблеми со контрола на бесот.

– Не сака луѓе. Не ме изненади што сите негови три брака, со Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс, завршија со развод. Мислам дека не сака луѓе. Го сака тоа што го работи – изјавила менаџерката на актерот, нагласувајќи дека се грижeи за него.

– Тажнa сум за него. Се грижам дека е осамен. Сè додека може да работи и да ги снима своите филмови, ќе биде добро. Што ќе се случи кога веќе нема да може да го прави тоа, не знам – изјави тогаш Берлин.

фото:Gettyimages2022/Paramount/Profimedia/YouTube/60 Minutes Australia

To top