Старлетата Анѓела Вештица по 14 години реши да го отстрани силиконот од усните.
Анѓела сподели фотографија направена по операцијата од отстранување силиконот на Инстаграм, и призна дека постапката воопшто не била пријатна.
– Благодарна сум на овој ден, што го извадив силиконот од устата, беше навистина грдо. Девојки, не претерувајте, ова воопшто не е пријатно искуство – напиша таа.
Да потсетиме, старлетата неодамна ги шокираше сите признавајќи дека од продажбата на нејзините интимни фотографии купила стан вреден 300.000 евра.