Радио Милева

„Беше љубов на прв поглед“: Викторија раскажа како го „уловила“ Дејвид Бекам, но и како успева да го задржи

„Беше љубов на прв поглед“: Викторија раскажа како го „уловила“ Дејвид Бекам, но и како успева да го задржи

Викторија и Дејвид Бекам се една од најпопуларните двојки во светот, а сега поранешната „Спајсица“ ја откри тајната на нивниот успешен брак.

– Децата се наш приоритет. Сè што правиме се врти околу нив. И двајцата го сакаме она што го правиме и се цениме едни со други. Среќни сме што растат заедно – им порача Викторија на странските медиуми, објаснувајќи дека со Бекам и се случила љубов на прв поглед. Тие за прв пат се бакнале на јавен паркинг во Лондон.

– Комуникацијата е клучот за успехот, многу разговараме со децата и го сакаме нашето семејство. Нашите родители многу ни помагаат – заклучи популарната Викторија, која откри дека таа и нејзиниот сопруг секој ден си ја делат козметиката – уште една потврда дека Дејвид е метросексуалец кој и тоа како е посветен на негата на својот изглед.

фото:инстаграм

Инаку, Дејвид и Викторија Бекам се венчаа во Ирска во 1999 година и имаат четири деца  – Бруклин (19) Ромео (16), Круз (13) и седумгодишата Харпер …

To top